Се разделија Барди и Трабзонспор: Шпанците тврдат – Барди ќе се врати во Ла Лига, но во клубот на Роналдо!
Фудбалскиот клуб Трабзонспор денеска ја објави разделбата со македонскиот фудбалски репрезентативец, Енис Барди.
Фудбалскиот клуб Трабзонспор денеска ја објави разделбата со македонскиот фудбалски репрезентативец, Енис Барди.
-Договорот меѓу професионалниот фудбалер Енис Барди и нашиот клуб, кој започна на 11.08.2022 година, а завршува на 31.05.2025 година, е меѓусебно е раскинат. Според договорот, на играчот нема да му се исплати отштета за раскинување, стои кратко во објавата на клубот.
Генералниот сектерат на клубот, Сами Караман му врачил плакета на нашиот репрезентативец.
Угледниот „АС“ ексклузивно известува дека македонскиот капитен има преддоговор со Валјадолид и си подал рака за реализира на слободен трансфер, па сега останува само да се кристализираат деталите.
Валјадолид во овој момент е претпоследен тим на табелата и води грчевите борба за опстанок, па јасно е дека во клубот гледаат на Барди како играч кој би им донел голем плус во битката за живот во Примера.