МакедонијаНајново

Се воведува отпечаток од прст за докторите, некои не направиле ниту една операција во 2025

Министерството за здравство тргнува во фронтална борба против хаосот со работното време на лекарите. Министерот Азир Алиу најави воведување на систем за евиденција со отпечаток од прст (фингерпринт) за сите вработени во јавното здравство, откако анализите покажале фрапантни разлики во ангажманот на докторите.

Според податоците на министерството, во некои клиники дополнителната дејност се работела дури 41 процент, што е двојно повеќе од законскиот максимум.

Еден специјалист извршил 1.134 операции, додека негов колега од иста специјалност само 470.

Во внатрешноста се откриени лекари кои немале ниту една операција во цела 2025 година.

Потврдена е исплата од 700.000 денари за еден месец на еден доктор.

„Имаме ситуации каде доктори прегледуваат еден пациент неделно, а други по 100. Мора да воведеме систем кој реално ќе го следи присуството и трудот. Исто така, ќе бараме информации колку време лекарите од јавното здравство поминуваат во приватните болници“, порача Алиу.

Министерот призна дека со тешки маки доаѓаат до податоци бидејќи институциите не ги ажурираат ниту листите на чекање, најавувајќи дека ќе се менува целиот менталитет на менаџирање во здравството.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Show Buttons
Hide Buttons