Македонија

Само за еден месец потрошувачката кошничка порасна за над 1.300 денари, а за една година дури 4.128 денари 

Вредноста на Синдикалната минимална кошница за април 2022 година изнесува 38.104 денари, соопшти Сојузот на синдикатите на Македонија.

Од месец во месец, драстично се зголемуваат трошоците за живот на едно четиричлено семејно домаќинство, а платите не го следат истиот раст по зголемувањето на минималната плата во март 2022 година.

Од претходниот месец март 2022 година кога Синдикалната минимална кошница која ја пресметува ССМ изнесуваше 36.767 денарик, таа е зголемена за 1.337 денари односно за 3,63 отсто, а од јануари 2022, кога била 35.811 денари, е зголемена за 2.293 денари односно 6.40 отсто, велат од синдикатот.

За само една година или од претходната 2021 година истиот месец април кога синдикалната минимална кошница изнесувала 33.976 денари, таа е зголемена за 4.128 денари односно 12,14 отсто.

Најголемо зголемување има во исхрана и пијалоци и кај превозот.

„Сојузот на синдикатите на Македонија со право бара зголемување на платите на сите вработени како во јавниот така и во приватниот сектор и покрај евидентните противења на одредени субјекти кои се против зголемување на платите на работниците, а на протестот на  1 мај, 7500 работници на улица заедно со ССМ јасно упатија пораката дека зголемените плати им се потребни веднаш.

Очекуваме оваа пресметка на синдикалната минимална кошница, како и зголемувањето на трошоците за живот да бидат будење за сите работодавачи, локалната и централната власт и веднаш да пристапат кон зголемување на платите на работниците согласно порастот на минималната плата и да ги зголемат платите за најмалку 2.806 денари во нето на секој работник“, соопштија од Синдикатот.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons