Спорт

РФМ одреди нови датуми за последното суперлигашко коло 

Цело натпреварувачко коло кое требаше да се одигра оваа недела го помести и РФМ, сето тоа како последица на седумдневната жалост во нашата земја.

Големата трагедија која ја потресе цела Македонија за жал однесе 59 човечки животи, а во период кога најмалку се мисли на спорт, Федерациите повлекуваат очекувани потези.

Вестите поврзани за трагедијата во Кочани ги натераа властите да одредат седумдневна жалост, период во кој логично е да се оддаде максимална почит.

Последното суперлигашко коло во регуларниот дел од сезоната требаше да се оидгра на 22-ри и 23-ти март, но според најновата одлука на РФМ, закажните натпревари ќе се одиграат на 25-ти и 26-ти истиот месец.

Нови датуми ќе добијат и предвидените натпревари од Првата лига, како и оние од женската ракометна лига.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons