Руте: НАТО секогаш ќе направи се што е потребно за одбраната на Турција
НАТО секогаш ќе направи се што е потребно за одбраната на Турција, земја-членка, врз која минатиот месец беа истрелани четири ирански ракети, изјави денеска генералниот секретар на Северноатлантската алијанса, Марк Руте.

– Иран сее терор и хаос, а тоа силно се чувствува тука во Турција. Во последните недели, НАТО успешно пресретна четири ирански балистички ракети што се упатуваат кон Турција – наведе Руте.
Тој додаде дека „НАТО е подготвен за вакви закани и секогаш ќе направи што е потребно за да ја одбрани Турција и сите други земји-членки“.
Руте денеска го посети седиштето на турски одбранбен гигант Аселсан и ја пофали „револуцијата во турската одбранбена индустрија“.
– Соочени со огромните опасности, пред кои се наоѓаат земјите од НАТО, мора да продолжиме по овој пат, произведувајќи и иновирајќи уште повеќе и уште побрзо. Ова се системи за воздушна одбрана, беспилотни летала, муниција, радари, вселенски капацитети и многу повеќе што ќе нè заштитат. Вие развивате најсовремени технологии … и тоа е она што ни треба – истакна Руте.
Во текот на денот предвидено е Руте да има средба со турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган.