Расте цената на нафтата, пченката се стреми да го урне рекордот
Нафтениот пазар денеска и натаму расте. Цената на барелот нафта на лондонскиот пазар изнесува 113 долари, што е нов раст од околу 1 отсто, во однос на вчерашниот ден. Во пораст е и цената на барел нафта на американскиот пазар и изнесува 108 долари, што е раст од околу 1 отсто во однос на претходните денови. Пред само десет дена барел се продаваше по цена под 100 долари.
Пазарот на криптовалути од утрово е зелен. Вредноста на биткоинот е 40.714 долари, што е зголемување за околу 4 отсто во однос на вчера. Други криптовалути, исто така, забележаа раст, при што Terra забележа најголем раст од речиси 17 проценти.Цената на пченицата од утрово е зголемена и изнесува 1.128 долари за тон, што е раст од речиси 3 отсто во однос на вчерашниот ден. Цената на пченката е 813 долари за тон, што е зголемување од околу 3 отсто.Фјучерсите на пченката во Чикаго за првпат по речиси една деценија надминаа 8 долари за бушел, приближувајќи се на рекордно високо ниво. Ова е највисокото ниво од септември 2012 година.