Спорт

Ракометарите на Алкалоид го кренаа европскиот пехар!

Пехарот од Европскиот куп на ЕХФ кој ракометарите на Алкалоид го освоија минатата сезона, конечно е во нивните раце, пред денешниот натпревар со Хановер им беше доделено признанието.

Поради одлуката на АЕК да не игра во Скопје, Алкалоид не можеше да се израдува минатата сезона, па дури денеска го доби пехарот.

Претставникот на ЕХФ, Божидар Ѓурковиќ им го предаде пехарот на ракометарите на Алкалоид.

Алкалоид е трет македонски клуб со европски трофеј по Вардар (двапати) и Кометал Ѓорче Петров.

Кире Лазаров стана првиот македонски тренер со европски трофеј.

ФОТО: fb/RK Alkaloid

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons