РАКЕТА ОД 23 ТОНИ ЌЕ ПАДНЕ НА ЗЕМЈАТА, ЗЕМЈИТЕ ГИ ЗАТВОРААТ АЕРОДРОМИТЕ: Паника се шири низ Европа
Неколку шпански аеродроми го затворија својот воздушен простор по информациите дека кинеска ракета ќе се врати на земјата неконтролирано, а никој се уште не знае каде ќе би можело да удри телото на ракетата.
Во понеделникот Кина го лансираше третиот и последен дел од својата нова вселенска станица „Тиангонг“, а потоа беше издадено предупредување дека телото на ракетата тешка 23 тони ќе се врати на Земјата, пишува The New York Times. Шпанија е идентификувана како една од земјите на која може да биде крајната дестинација на леталото. Поради тоа, неколку шпански аеродроми го затворија својот воздушен простор.
Spain has now shut a part of their airspace due to the threat of the Chinese rocket #CZ5B crashing down… how lovely. pic.twitter.com/kFuQF2qOW2— Triton (@TritonFett) November 4, 2022
Тоа се аеродромите во Барселона, Тарагона, Ибица и Реус. Според извештаите на шпанските медиуми, погодени се и други региони, вклучувајќи ги Ла Риоха, Кастиља и Леон. Мерката се очекува да трае околу 40 минути, иако локалните извештаи сугерираат дека места како Ибица може да бидат затворени и до три часа.
Портпаролот на каталонската агенција за цивилна заштита потврди дека поради ризикот поврзан со преминувањето на вселенскиот објект CZ-5B преку шпанскиот воздушен простор, летовите ќе бидат целосно ограничени од 9.38 до 10.18 часот во Каталонија и други области.
Веќе се информирани аеродромите и другите организации“, рече тој.
Шпанските контролори на летовите наведуваат дека Еуроконтрол ги информирал за неконтролирано повторно влегување на кинеска ракета во земјината атмосфера. ФОТО: Twitter