ПСЖ без еден од најдобрите во реваншот со Баерн
Голем удар за ПСЖ пред реваншот со Баерн Минхен во полуфиналето од Лига на шампиони.
Десниот бек Ашраф Хакими ќе го пропушти дуелот поради повреда на тетивата заработена во финишот од првиот меч кој заврши 5-4 за „светците“. Првичните сомнежи за полесен проблем се покажаа неточни, откако деталните медицински прегледи потврдија дека има скинат мускул.
Ова е сериозен хендикеп за тимот на Луис Енрике кој останува без еден од клучните играчи во најважниот дел од сезоната. Хакими сигурно нема да биде во комбинација за реваншот, но постои оптимизам дека би можел да се врати доколку ПСЖ обезбеди пласман во финалето.
Проблем за францускиот шампион е и фактот што нема класична замена на десната бековска позиција. Како опција се наметнува младиот Ворен Заир-Емери, кој сезонава неколкупати настапи на таа позиција, иако тоа не е негова природна улога.



