МакедонијаНајново

Пронајдени бактерии во храната која се служела во ОУ „Димо Хаџи Димов“ во Влае, утврдено нивно присуство и на три чешми во училиштето

Од Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) информираат дека во текот на денешниот ден одржале прес конференција каде информирале за сите досега превземени активности од надлежните институции (АХВ, ДСЗИ, ЦЈЗ Скопје, Детска Клиника) кои се во постојана комуникација и координација како и за сите резултати од узорцираните примероци и од доставените материјали за анализа.

Од таму посочуваат дека бројот на земени примероци и пристигнати материјали е екстензивен, и материјали за анализа се уште пристигнуваат.

„После одржаната прес конференција, добивме нов резултат од узорцираниот примерок од мусака која се служела во прва смена во училиштето и во неа се најдени грам негативни бактерии од групата на Enterobacteriaceae, фекални бактерии кои исто така се пронајдени и на 3 чешми во училиштето“, соопштуваат од ИЈЗ.

Од Институтот порачаа дека и понатаму ќе бидат во координација и комуникација со споменатите надлежни институции и јавноста ќе биде известена за понатамошниот тек на настаните.

Во ОУ „Димо Хаџи Димов“ во Влае на 26 ноември голем број ученици се пожалија на стомачни тегоби. Надлежните институции соопштија дека од кујната на основното училиште се земени мостри од храна, вода, брисеви од површини и вработени, кои се очекува да бидат познати во текот на денешниот ден.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Show Buttons
Hide Buttons