Проклетство на лошите врски – лажната надеж дека еден ден ќе биде подобро
Често ќе слушнеме дека тешко е да се биде оставен, но уште потешко е да се замине. Тоа веројатно важи повеќе за оние луѓе кои знаат дека се во лоша врска, но едноставно не прават ништо за да го сменат тоа. Тие живеат со лажната надеж дека еден ден работите магично ќе станат подобри.
Веројатно станува збор за зависност од другата личност, мислењето дека никој нема да не сака онака како што сме сакани од нив, приврзаноста, а може да влече корени и од детството и од нашиот однос со родителите.
Лош однос е секој однос кој не ни создава задоволство, туку напротив ни причинува болка. Многу луѓе денеска живеат во такви врски. Иако навидум изгледа лесно, сепак често можеби врската е подлабока и посилна одошто им изгледа на другите од страна. Најголемиот проблем е кога мислиме дека тоа е фаза или пак дека другата личност ќе се промени. Но, тоа не се случува. Освен, во ретки ретки ситуации. Тоа што се случува е собирањето трошки од љубовта, долгото чекање и стресот кој носи и здравствени и психички проблеми.
Ако се наоѓате во ваква врска, најдете храброст да заминете. Колку и да ве боли, колку и да мислите дека немате храброст за тоа, не дозволувајте да останете во врска кадешто не сте сакани и каде не го добивате тоа што го заслужувате. Бидејќи тоа истоштува. Тоа го мачи телото и умот и ве одалечува од вистинските луѓе.
Не правете го тоа. Не го заслужувате.