Притвор за Ратко Капушевски и Асмир Јаховски
Единаесет лица се лишени од слобода, меѓу кои и бизнисменот, Ратко Капушевски и сопственикот на Пуцко петрол, Асмир Јахоски, за сомнителни набавки на деривати. Тие се донесени на распит во кривичниот суд кај судија на претходна постапка.
Во кривичната пријава е опфатен и екс директорот на ЕСМ, Васко Ковачевски кој е во бегство и се бара со меѓународна потерница за случајот Адитив. Постапувајќи по кривичната пријава од мвр, јавен обвинител донесе наредба за спроведување истражна постапка против 13 физички и едно правно лице.
Постои основано сомнение дека десет лица како созвршители или помагачи сториле кривично дело злоупотреба на постапка за јавен повик, доделување на договор за јавна набавка или јавно-приватно партнерство. На двајца осомничени и на правното лице им се става на товар дека сториле и кривично дело перење пари и други приноси од казниво дело. Едно лице е осомничено за кривично дело перење пари, соопштија од ЈОРМ.
Во периодот 2021-2023 година двајца осомничени, во својство на основачи и управители на кривично одговорното правно лице свесно повредувајќи ги прописите за постапката за јавен повик за набавка на мазут за потребите на ТЕЦ Неготино поднеле невистинита документација. Со намера да го изиграат договорот не ги извршиле обврските и ги повредиле правилата остварувајќи корист од големи размери за кривично одговорното правно лице а на штета на државниот буџет во вкупен износ од околу 167,5 милиони евра“, стои во соопштението на ООЈО ГОКК.
Во намерата со умисла им помогнале осомничените вработени во АД ЕСМ. Обвинителството на судија на претходна постапка при Кривичиот суд Скопје му предложи, на пет лица да им биде определена мерка притвор, додека за останатите се предложени мерки за обезбедување присуство, соопштија од ОЈО ГОКК.