Актуелно

Припадник на АРМ убиен во престрелка во Батинци 

Денеска, околу 10:55 часот, во Градската болница е донесен 49-годишен маж со две рани во пределот на градниот кош, без знаци на живот, потврдуваат од Градската болница, по престрелка во скопско Батинци.

„Денеска, околу 10:55 часот, во болницата е донесено машко лице, на возраст од 49 години, со две рани во пределот на градниот кош. Веднаш беа преземени мерки за реанимација, но беше констатирано дека тој е веќе починат“, изјавија од Градската болница.

Сè уште не се познати околностите на настанот и причината за раните, додека надлежните органи започнаа истрага. Како што објавија ТВ21 и 4news.mk, станува збор за Агим Мухареми од Батинци, припадник на Армијата на Северна Македонија.

Полицијата изврши увид на терен, а се работи на утврдување на идентитетот на сторителот и мотивите зад пукањето. Објави и дека убиениот е застрелан во возило „киа“ во движење,а познати се и иницијалите на напаѓачот.

Претходно, Министерството за внатрешни работи објави дека случајот е пријавен во полицијата околу 10:15 часот, а се случил на влезот во селото Батинци, каде едно лице пукало во друго лице.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons