Актуелно

Приведени 12 бугарски државјани 

Вчера 12 бугарски државјани биле приведени при полициска контрола извршена на градилиште во Тетово, информираа од СВР Тетово.

Како што посоција од полицијата, вчера околу 15:15 часот, полициски службеници извршиле контрола во објект во изградба на улицата „Тодор Циповски Мерџан“, при што биле затекнати 12 бугарски државјани на возраст од 34 до 66 години кои работеле на објектот.

При проверките било утврдено дека лицата имале нерегулиран и непријавен престој на територијата на државата.

Од СВР Тетово соопштија дека сите лица се задржани во Полициската станица во Тетово за понатамошна постапка, а по целосно документирање на случајот против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци согласно Законот за странци.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Show Buttons
Hide Buttons