Политика

Пренџов му одржа лекција на Мециновиќ: За економија се зборува со факти, политиката бара одговорност, а дебатата пристојност

На денешната седница на Комисијата за финансирање и буџет се обрати пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Љупчо Пренџов кој реагираше на излагањето на пратеникот Мециновиќ, посочувајќи дека јавноста треба да добива точни информации за движењето на платите, пензиите, инфлацијата и економските политики.
„Се јавив за збор од една причина додека го слушав образложението на колегата Мециновиќ сметам дека треба да реагирам. Зошто? Затоа што на Комисијата за финансирање и буџет и во ова Собрание кога дискутираме, кога имаме свои ставови коишто секој став е легитимен, многу е важно да тоа што го продуцираме како информација до граѓаните да биде точна. Минималната плата беше социјален дијалог помеѓу претходната влада и синдикатите и по тој закон до ден денеска таа минимална плата расте. Има два елементи вака пластично објаснето да се разбереме коишто гарантираат дека не може да има поголема инфлација од раст на таа минимална плата. Инфлација согласно раст на минимална плата е формула и таа расте согласно животните трошоци во тековната година“, рече Пренџов.

Осврнувајќи се на движењето на платите во изминатите две години, пратеникот Пренџов истакна дека просечната плата пораснала од околу 40.000 денари на речиси 49.000 денари, што претставува зголемување од повеќе од 20 проценти.

„Во Република Македонија кога дојде ова управувачко мнозинство да биде власт, имавме 40,000 денари просечна плата. После две години таа е скоро 49,000 денари. За повеќе од 20% е порасната, е зголемена таа просечна плата. Но кога кажувате конкретна работа дека има пад на просечна плата тоа не е точно, точно е дека повеќе од 20% имаме покачување на просечна плата или некаде околу 9,000 денари имаме зголемување на секоја една исплатена пензија во овие две години. И ако имате вие 380 и нешто илјади пензионери коишто имаат по 9,000 денари повеќе секој први. Ако имате повеќе луѓе коишто земаат просечна плата зголемена за 9,000 денари, а инфлација имате 2,7% тогаш гледаме дека работи се движат на подобро“, вели Пренџов.

Говорејќи за вториот ребаланс на Буџетот, Пренџов посочи дека станува збор за усогласување на буџетските проекции и економските политики со актуелните услови, а не за откажување од преземените обврски и упати критики кон опозициските тврдења, оценувајќи дека дел од нив претставуваат политички манипулации и извртување на фактите.

„Денес на 50 работни дена до крајот на годината правиме само нивелација на она коешто како политики го имавме изминатиот период. Тоа значи да имаме 97 денари гориво, а не 114 денари гориво. Се друго е популизам, е гола политика, купување на поени, манипулација на јавност, извртување на вистината и хушкање на определени категории на граѓани со сервирање на полувистини, целосни невистини во франетична обланда, дека тоа се случило, а тоа не е вистината“, истакна Пренџов.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Show Buttons
Hide Buttons