МакедонијаНајново

Превозниците бараат да бидат посебна категорија во системот „Безбеден град“

Системот „Безбеден град“ неправедно ги санкционира автобусите, без да ги земе предвид специфичните услови во кои тие сообраќаат во Скопје, реагира Јовица Зафировски, претставник на приватните превозници во Град Скопје. Приватните превозници велат дека во градот нема посебни жолти ленти за автобусите, па кога долгите автобуси влегуваат на раскрсница на трепкаво зелено светло, поради должината на возилото, системот „Безбеден град“ ги регистрира како поминуваат на црвено. Ова значи високи парични казни и одземање на возачката дозвола од возачите.

„Ова може да предизвика сериозни последици во јавниот превоз, бидејќи немаат доволен број возачи за замена, а поголем број изречени забрани за управување би можеле да доведат до паркирање на автобусите и нарушување на редовниот сообраќај“, вели Зафировски и додава дека превозниците бараат да бидат третирани како посебна категорија со поголема толеранција во рамки на системот „Безбеден град“. Тие предлагаат поврзување на ГПС-системите во автобусите со семафорите, со што би се овозможило нивно вклучување во „паметниот“ зелен бран и избегнување на ваквите ситуации.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Show Buttons
Hide Buttons