Пожар пред бугарската амбасада во Скопје: Опожарени два автомобили
Денеска (15.06.2026) во 12:13 часот во СВР Скопје е пријавено дека дека на ул.„Златко Шнајдер“ пред Амбасадата на Република Бугарија настнал пожар во две патнички возила.
Полициски службеници од Полициската станица Центар излегле на местото и констатирнао дека делумно биле опожарени патничко возило „киа“ и патничко возило „сузуки“, сопственост на амбасадата.
Повредени лица нема, пожарот бил изгаснат и се преземаат мерки за расчистување на случајот.



