Актуелно

Подобар раст на БДП во Македонија по подолго време

Македонија по подолго време забележа до некаде задоволителен квартален раст на бруто домашниот производ.Според проценетите податоци на Државниот завод за статистика, стапката на раст на бруто-домашниот производ (БДП) во второто тримесечје од 2024 година е 2.3  отсто.

Растот на БДП во истиот период минатата година изнесуваше 0,9 отсто, додека БДП во првиот квартал од 2024 беше 1,2 проценти позитивен раст.

Растот е забележан благодарение на повисокиот процент кај дејностите на домаќинствата,  стручни, научни и технички дејности и административни и помошни услужни дејности.

„Финалната потрошувачка на домаќинствата, вклучувајќи ги непрофитните институции кои им служат на домаќинствата, во второто тримесечје од 2024 година, номинално расте за 4.7 %, а нејзиното учество во структурата на бруто домашниот производ изнесува 74.5 %. Во истиот период, извозот на стоки и на услуги номинално е намален за 3.4 %, а увозот на стоки и на услуги забележа намалување во номинален износ од 5.2 %. Бруто-инвестициите во второто тримесечје од 2024 година бележат зголемување во делот на бруто инвестициите во основни средства, а намалување во промената на залихите“, објави Заводот за статистика.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons