Подготвителна седница на РКЕ за реформата на тарифниот систем за електрична енергија
Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) денеска ќе одржи подготвителната седница за реформата на тарифниот систем за електрична енергија (блок тарифи).
Подготвителна седница на РКЕ за реформата на тарифниот систем за електрична енергија
Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) денеска ќе одржи подготвителната седница за реформата на тарифниот систем за електрична енергија (блок тарифи).
Прегледи:372Објавил:27 јуни 2022, 08:34СподелиСподелиhttps://www.facebook.com/v2.10/plugins/like.php?action=like&app_id=&channel=https%3A%2F%2Fstaticxx.facebook.com%2Fx%2Fconnect%2Fxd_arbiter%2F%3Fversion%3D46%23cb%3Df28a48dbed3f078%26domain%3Dkanal5.com.mk%26is_canvas%3Dfalse%26origin%3Dhttps%253A%252F%252Fkanal5.com.mk%252Ff90326df772ada%26relation%3Dparent.parent&container_width=93&href=https%3A%2F%2Fkanal5.com.mk%2Fpodgotvitelna-sednica-na-rke-za-reformata-na-tarifniot-sistem-za-elektrichna-energija%2Fa535999&layout=button&locale=en_US&sdk=joey&share=false&show_faces=false&size=large
Подготвителната седница, како што е најавено, ќе се одржи во Амфитеатарот на Факултетот за електротехника и информациски технологии – ФЕИТ во Скопје.
Претседателот на РКЕ, Марко Бислимоски минатата недела најави дека текот на оваа седмица ќе бидат дефинирани блоковите за новиот тарифен систем за универзалниот снабдувач со електрична енергија.
Бислимоски, тогаш на прес-конференција, посочи дека ќе има зголемување на првично презентираните блокови, особено кај границите на вториот и третиот блок, кои првично беа презентирани на јавните расправи – во првиот блок беше предвидено да бидат потрошувачите кои трошат до 210 киловат часови електрична енергија, во вториот блок од 211 до 420, во третиот блок од 421 до 630 и во четвртиот блок над 630 киловат часови електрична енергија.
Цената по која граѓаните ќе ја плаќаат струјата по 1 јули годинава ќе зависи од тоа колкаво покачување на цената ќе побара универзалниот снабдувач ЕВН хоум, откако ЕСМ, од чија понуда најмногу зависи цената, во петокот понуди цена од 48 e/MWh на тендерот за снабдување на универзалниот снабдувач со електрична енергија за потребите на регулираниот пазар, што е зголемување од седум евра во однос на минатогодишната цена од по 41 евро за мегават час.
АД ЕСМ, во соопштение до медиумите, објави дека и годинава повторно ќе испорачаат 100 проценти за потребите на граѓаните и малите потрошувачи, иако законот им дава можност да испорачуваат енергија од само 60 проценти од потребите на ЕВН Хоме. ЕСМ, учествува со околу 32 проценти во цената за крајните потрошувачи.
МЕПСО и Електродистрибуција минатата недела веќе доставија барање до РКЕ за зголемување на нивниот дел во цената на електричната енергија за 60 до 80 отсто.