Петрушевски: Филипче кој е на Егејот веќе има симптоми на сончаница, целосно е дезориентиран и тој, а и СДС, граѓаните да немаат грижа и водата во Гостивар е безбедна за пиење
СДС и раководството на партијата поставено од Зоран Заев освен што постојано сведочиме како шират лаги, паника меѓу граѓаните, веќе покажуваат и целосна дезориентираност. Така закажуваат, па презакажуваат, па откажуваат настани.
Претседателот Венко Филипче кој е заедно со Заев на Егејот, најдобро да се врати час поскоро затоа што почнаа да се покажуваат првите симптоми кога ќе те удри сонце во глава, а тоа е дезориентираност.
Видливо е дека во СДС навистина се во целосен хаос.
Во оваа прилика ќе им укажеме дека нивните кажувања останаа на ширење лаги и паника кај граѓаните и не само лаги, туку и опасни информации по здравјето за граѓаните.
Прво, факт е дека водата е безбедна за пиење во Гостивар. Сите надлежни инситутции во соодветен рок ги направија сите неопходни испитувања и вчера се покажа дека водата е веќе безбедна за пиење. Но, СДС и по оваа вест почна да зборува во празно, да бара документи.
Второ, лагата за водата во Скопје ги надмина сите размери на политичка пропаганда, односно беше опасна здравствена информација за граѓаните на главниот град, но веднаш побиена со докази.
За крај денеска имаме само едно да кажеме, граѓаните се безбедни и водата за пиење и во Гостивар е безбедна. Оваа Влада се грижи за секој еден граѓанин.
А на СДС, најдобронамерно им кажуваме, час поскоро да се соземат, бидејќи хаосот во кој се, е преголем и им станува само дополнителен проблем во опстојување на политичката сцена.
Линк од видео материјал:
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ



