Свет

ПАТНИЧКИ ВОЗ ИЗЛЕТАЛ ОД ШИНИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА – неколкумина загинати и многу повредени 

Четири лица загинаа, а 34 се повредени, од кои тројца потешко, по тешка несреќа во која воз излета од шините во Германија. 

Како што соопштуваат службите за итни случаи на местото на настанот, спасувачките екипи биле испратени на местото на настанот, но поради тоа што несреќата се случила во планинска и шумска област, извлекувањето се одвивало отежнато. 

Според информациите објавени од полицијата, возот Regional Express 55, кој се движел кон градот Улм, бил вклучен во несреќата. Првиот повик до службите за итни случаи бил направен во 18:10 часот.

Несреќата се случила во близина на градот Биберах, во покраината Баден Бунтенберг. 

Иако полицијата првично не потврдуваше, според локалното население во тој период имало грмотевици на местото на несреќата, посочуаат за германскиот Билд жители од поширокото подрачје. Воедно поголем дел од околината на Улм било погодено од бурата во тој момент. 

Информациите за бројот на жртви првпат ги објави локалниот весник „Швебише Цајтунг“, повикувајќи се на извештаи од службите за итни случаи.

Фото: Принтскрин/Икс

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons