МакедонијаНајново

ОЈО побара куќните притвори за екс директорите од ДПИ да се заменат со мерки на претпазливост 

Замена на куќниот притвор со мерки за претпазливост за поренешните директори на Пазарниот инспекторат Горан Трајковски и Анета Симеска Димоска, бара Обвинителството во Кочани. 

Со ова Трајковски за неполни 24 часа добива уште едно ублажување на мерката, откако вчера беше прифатено барањето за замена на неговиот притвор со домашен. А за прв пат мерки за претпазливост се побарани и за вработен во дискотеката „Пулс“, кој досега се опоравувал од повредите во пожарот.

– Замената на мерките е побарана врз основа на проценка на законските основи за обезбедување и фазата на проверки во однос на оваа институција. Освен ова, за првпат по настанот побарани се мерки за претпазливост за уште едно лице од првата група осомничени, кое до сега беше на лекување. Станува збор за лице од дискотеката, а мерките се предложени во согласност со неговата моментална здравствена состојба и потребата од натамошно лекување, наведуваат од ОЈО.

Вчера од ефективен во домашен пртвор замина и поранешниот градоначалник на Кочани, Љупчо Папазов, како и како и еден член од обезбедувањето во дискотеката „Пулс“. Во куќен притвор се и претходните на Папазов, Ратко Димитриевски и Николчо Илијев, како и екс министрите за економија Ваљон Сарачини и Беким Незири.

21 од сомничените пак, меѓу кои и поранешниот министер за економија Крешник Бектеши и актуелниот министер без ресор Шабан Салиу остануваат во ефективен притвор. Нивните адвокатаи најавија жалби по одлуката на кочанскиот суд и ќе бараат замена на притворот со алтернативни мерки.

Вечра во обвинителството сам се пријави и осомничениот пензиониран полицаец по кого се трагаше. Нему и на остнатите деветмина полициски службеници опфатени со истрагата им беа изречени мерки за претпазливост. А ваква мерка доби и актуелниот амбасадор во Норвешка, Дритон Кучи.

До сега за трагедијата во Кочани осомничени се над 60 лица, а сослушани се стотина сведоци. Според најавите, истрагата ќе продолжи уште најмалку два месеци, а не се исклучува можноста од нејзино дополнително проширување.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons