Спорт

Охрид победи во Татабања и ја стави едната рака на европскиот пехар

Охрид со голем резултат се враќа од Унгарија, со 29-28 ја совлада Татабања на нејзин терен и е многу блиску до трофејот во Европскиот куп на ЕХФ.

Победата на Охрид ќе беше и поубедлива, но судиите беа ветер во грб на Татабања. Македонскиот тим дури 20 минути играше со ракометар помалку, но и покрај тоа дојде до победа.

Охрид имаше одлично прво полувреме кое го доби со пет голови разлика, беше 13-8. Охриѓани во еден момент имаа и шест предност, но Татабања успеа да се врати и со помош на судиите да дојде до неизвесна завршница, на крајот мечот заврши со 29-28 за нашиот тим.

Иванковиќ и Ѓукиќ беа најефикасни во тимот на Охрид со по седум гола. Македонскиот репрезентативец во редовите на Татабања, Филип Талевски го заврши мечот со два гола.

Реваншот во салата „Билјанини извори“ се игра на 31. мај. Охрид сега е фаворит за трофејот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Show Buttons
Hide Buttons