МакедонијаНајново

Орце Камчев излезе на слобода

Бизнисменот Јордан (Орце) Камчев побара, а судот му одобри спојување на двете затворски казни за предметите на обвинителката Лиле Стефанова, „Империја” и „Плацови на Водно”. Јордан Камчев од шести ноември е на слобода. 

Информацијата за БИРН ја потврдил директорот на затворот во Струга, Ваљон Ќура, каде што бизнисменот ја издржуваше затворската казна.

„Кај нас е се завршено”, изјавил Ќура. Тој објасни дека Камчев побарал и добил и кратко отсуство.

„Лично му дадов месец дена”, рекол за БИРН директорот на затворот.

Ова доаѓа откако Камчев побара, а судот му дозвoли да ги спои двете казни за предметите „Империја” и „Плацови на Водно” и му ја намали вкупната казна од 24 месеца на 20 месеца затвор.

Од нив се минусираат и деновите поминати во притвор и куќен притвор.

„Предлог спогодбата со Камчев е прифатена во средата. Од фирмата Кара односно Орка Холдинг ќе бидат уплатени 320 милиони денари (околу 5,1 милион евра). Фирмата е на Орце Камчев. Тие средства треба да се уплатат на УЈП. Предлог-спогодбата беше верификувана од судија на претходна постапка. Ова значи дека нема да се води постапка против него, а тој се согласи на казна од една година затвор”, истакна во април годинава екшефицата на ОЈО ГОКК, Вилма Русковска.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons