Одлична сезона: Митровски е кандидат за најдобар фудбалер во Хрватска!
Македонскиот репрезентативец Димитар Митровски се најде во одбрано друштво, еден е од петтемина номинирани за најдобар фудбалер на сезоната во хрватската фудбалска лига (ХНЛ), објавија денеска организаторите на изборот.
На само две кола до крајот на шампионатот, Митровски доби признание за одличната сезона, во која беше клучна фигура во својот тим. Со седум погодоци и една асистенција, тој не само што е најдобар стрелец, туку и најконстантен играч во составот што го брани.
Интересно е што меѓу петтемина номинирани нема ниту еден фудбалер од редовите на актуелниот шампион Динамо Загреб, што уште еднаш покажува колку оваа сезона беше непредвидлива и изедначена.
Главен фаворит за наградата е напаѓачот на Хајдук, Марко Ливаја, кој со 18 погодоци и девет асистенции важи за најзаслужен за добрата сезона на својот клуб. Покрај Ливаја и Митровски, во потесниот избор се најдоа и Тони Фрук од Ријека, Ален Гргиќод Славен Белупо и Роберт Мудражија од Локомотива.
Изборот за најдобар играч на сезоната е едно од најочекуваните признанија во ХНЛ, а за Митровски оваа номинација претставува големо признание и потврда за неговата одлична форма и сè поголемото влијание во хрватскиот фудбал.