МакедонијаНајново

Од Центар до Аеродром за 8 минути, најавен брз воз до Петровец и две нови линии на скопскиот градски воз

Скопје напролет ќе започне со изградба на брзата пруга, чиј прв и клучен сегмент ќе биде директно железничко поврзување меѓу Новата железничка станица и меѓународниот аеродром во Петровец, објави 4news.mk Времето на патување со брзиот воз меѓу центарот на градот и аеродромскиот терминал ќе изнесува меѓу 8 и 11 минути, најави вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски во гостувањето во „Вечерното шоу“ на ТВ Алфа.

Николоски истакна дека ова е дел од сеопфатниот план за модернизација на железничкиот сообраќај и целосна трансформација на јавниот превоз во главниот град преку надградба на постојната инфраструктура.

Втора линија: Ќе сообраќа од Нова железничка станица преку Автокоманда, Маџари, Ченто и Илинден сè до Агино Село.

Трета линија: Ќе ги поврзува Волково и Ѓорче Петров, преку Скопје Север и Бутел, спуштајќи се до Нова железничка станица.

Модернизација на возниот парк со меѓународна поддршка

За потребите на новите железнички линии, Министерството за транспорт веќе реализира набавка на современи возни средства.

Николоски откри дека преку Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) се набавуваат пет нови електрични локомотиви за целосна електрификација на карго-сообраќајот, додека во соработка со Светска банка се финализира набавката на четири до шест ултрамодерни патнички возови изработени според највисоките европски стандарди, со посебен простор за велосипеди и миленици.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Show Buttons
Hide Buttons