МакедонијаНајново

Од ноќеска на полноќ пониски цени на нафтените деривати

Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) денеска донесе одлука да ги намали цените на нафтените деривати од половина до два и пол денари за литар. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени, велат од РКЕ.

„Со оваа одлука се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,41 отсто во однос на малопродажните цени на нафтените деривати утврдени согласно одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија од 19.10.2022 година. Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување кај бензините во просек за 1,39 отсто или за 12,300 $ за тон, кај дизелот намалувањето е во просек за 2,84 отсто или за 32,600 $ за тон. Кај екстра лесното масло намалувањето е во просек за 1,93 отсто или за 20,750 $ за тон и кај мазутот намалување во просек за околу 0,42 отсто или за 2,250 $ за тон, поради што во структурата на цените на нафтените деривати е извршено соодветно прилагодување” пишува во образложението на одлуката на РКЕ.

Со ова, малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, се намалуваат за еден денар и ќе изнесува 88,00 денари за литар односно 90,5 денари за литар. Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за 2,50 ден и ќе се продава за 100,5 денари за литар. Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1), се намалува за 1,50 ден и ќе чини 97,00 денари за литар. Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС, се намалува за 0,43 денари и еден килограм мазут ќе чини 49,4 денари.

Од РКЕ велат дека трговците на големо и на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons