Огромен број на луѓе пред Соборниот храм во Скопје (ФОТО)
Под мотото „Имаме должност“, Македонската православна црква – Охридска архиепископија (МПЦ-ОА) денеска излезе на најавениот сенароден собир во знак на протест против предлог-законите за родова еднаквост и за матична евиденција за кои вели дека се сериозна закана за општеството.
На собирот во знак на протест се дојдени и граѓани од други градови. Дел од нив со организиран превоз, односно автобуси допатуваа до Скопје.