Актуелно

Обвинителството бара притвор за инспекторка во АХВ: Примила поткуп од 250 евра

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор.

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело – Примање поткуп според член 357 став 1 од Кривичниот законик.

-Осомничената 42-годишна вработена во Агенцијата за храна и ветеринарство, како службено лице – инспектор за храна, во периодот од 17 до 25 септември, побарала и примила поткуп во износ од 250 евра од управител на правно лице за да изготви записник со кој ќе констатира дека извршила инспекциски надзор и дека нема неправилности во работата на објектот, односно дека тој ги почитува сите потребни процедури за работа, соопшти ОЈО – Скопје.

Поради ризикот од бегство, опасноста осомничената да влијае врз оштетениот и неговиот исказ, како и можноста од позиција на службено лице- инспектор да го повтори дејствието кое не смеела да го изврши, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор, се наведува во соопштението.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Show Buttons
Hide Buttons