Спорт

Никола Ѓуретановиќ го освои 49. место на 400 метри во Париз и го заврши настапот на ЕП

Македонскиот пливач Никола Ѓуретановиќ го заврши настапот на Европското првенство во Париз, каде што денеска се натпреваруваше во квалификациите на 400 метри.

Ѓуретановиќ делницата ја исплива за 4:04.05 минути, што беше доволно за 49. место во конкуренција на 55 пливачи. Во однос на победникот во квалификациската група, Оливер Клемент, македонскиот репрезентативец заостана 19 секунди.

Сепак, Ѓуретановиќ во Париз остави свој белег со настапот на 200 метри. Во квалификациите исплива време од 1:52.59 минути и постави нов македонски рекорд.

Со тој резултат, тој го надмина досегашниот рекорд на Александар Маленко, кој беше поставен уште во 1996 година.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Show Buttons
Hide Buttons