Најмногу снег во Дебар, најтопло во Гевгелија
Метеоролошката управа информира дека во изминатите 24 часа најмногу снег е наврнат во Дебар и Ѓуриште со снежна покривка од 20 сантиметри.
Снег има и во Крушево 17 сантиметри, во Битола и Крива Паланка 14, во Берово и Охрид 12, во Прилеп 10, во Куманово и Штип 5 и во Претор 2 сантиметри.
Што се однесува до температурите, најниската претпладнево е измерена на Попова Шапка – 10 степени, а максимални четири степени се измерени во Гевгелија.
– Врнежи од дожд имаше во Дебар, каде наврнале 41 литар на метар квадратен, по што следат Маврови Анови со 40, во Битола 27, во Демир Капија 23, во Претор 21, во Охрид и Струмица 20, во Берово 19, во Крушево и Кавадарци 18, во Скопје – Зајчев Рид 15, во Ѓуриште 14, во Прилеп 13, во Куманово и Попова Шапка 12, во Велес 10, во Штип и Гевгелија 9, во Виница 7 и во Охрид и Дојран 5, информира УХМР.