Наскоро ќе се знаат новите членови на мешовитата историска комисија, најавува Мицкоски
Премиерот Христијан Мицкоски очекува на една од наредните две владини седници да биде изгласан новиот состав на Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања меѓу Северна Македонија и Бугарија.
Мицкоски вели дека дека веќе има идеи и размисли за тоа кои членови ќе ги заменат актуелните, но додава дека тие ќе бидат прецизирани откако ќе се сретне со министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски.
„Деновиве очекувам да се видам со министерот за надворешни работи и надворешна трговија. Тој беше во Блед, денеска оди во Белград, а потоа на друго место. Кога ќе се видам, ќе ги прецизираме. Има некои идеи, некои размисли. Мислам дека на следната или на седницата по неа ќе помине новиот состав на Комисијата која преговара за историските прашања со нашиот источен сосед, па и со нашиот јужен сосед“, рече Мицкоски