МакедонијаНајново

На македонското здравство му фалат 8.000 медицински сестри 

Двојно помалку медицински сестри има во јавното здравство од потребното. На Македонија ѝ недостигаат околу 8.000 медицински сестри. Тешките услови за работа, ниските плати и нерешениот правен статус доведоа до голем егзодус на овој здравствен кадар. Покрај заминувањето во земјите од ЕУ, голем број медицински сестри ги напуштија државните болници во приватни за подобри плати и услови, велат одУнијата на здруженија на медицински сестри кое од Владата бара преземање на итни мерки.

Огромен е бројот на медицинските сестри кои нашле подобра работа во приватниот сектор и во странство. 

„Не може некој 5 години да работи со договор на дело за 12 илјади денари и на конкурс наместо договорците да бидат вработени трети лица. Кога се со договор на дело и не ги вработувате нормално дека ќе си заминат. Жалосно е што повозрасни специјализиран исестри со искуство си одат,  односно со семејствата ја напуштаат државата. Има некои агенции, не знаеме кои, кои нудат за Германија и многу се пронашле во тоа“, вели Гордана Бешлиовска, претседателка на Унија на здруженија на медицински сестри и додаваат дека министрите за здравство само се менуваат, а ништо не прават во однос на нивните барања.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons