Спорт

Мицовска од „Макпетрол“ освои сребро на Европското универзитетско првенство

Каратистката на „Макпетрол“, Јована Мицовска, освои сребрен медал на Европското универзитетско првенство во боречки спортови, што во организација на ЕУСА се одржува во Тирана, Албанија.

Во категоријата до 61 килограм, Мицовска стигна до финалето по четири победи, а во борбата за златниот медал загуби од турската претставничка Нурбаде Бубер со 1-3.

На патот до финалето, Мицовска ја совлада Италијанката Кјара Формисано со 7-2, Ајсима Каракаја од Турција со 4-2, Изабел Франко од Португалија со 3-3 и Леа Мари Бошард од Швајцарија со 6-3. Со освоеното сребро, таа го донесе единствениот медал за македонската универзитетска репрезентација во карате на ова првенство.

Близу до медал беа и Петар Заборски и Вукашин Јовановиќ, кои освоија петто место во своите категории. Дел од карате-турнирот се 306 каратисти, со 377 натпреварувачки влезови, од 141 универзитет од 26 држави. Во рамки на Европското универзитетско првенство во Тирана учествуваат повеќе од 1.500 студенти-спортисти од околу 400 универзитети, кои се натпреваруваат во карате, џудо, таеквондо и кик-бокс.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Show Buttons
Hide Buttons