МВР со речиси двојно повеќе казни за една година
МВР во својот годишен извештај објави дека во 2021 година полициските службеници издале дури 139.806 казни за сторени прекршоци, што претставува зголемување за 80 отсто во однос на една година претходно. Во 2020 полицајците напишале само 77.535 казни.
Најголем број од санкциите се за сторени сообраќајни прекршоци, а помал број се за непочитување на мерките против Ковид-19.
Бројот на кривични дела е намален за 9,2 отсто во споредба со 2020 година, а за 4,2 проценти се намалил и класичниот криминал. Овие параметри, според МВР, се на најниско ниво во последните 16 години.Во споредба со 2020 година, има големо намалување и кај кривичните дела против државата. Станува збор за намалување од рекордни 57 отсто.