Спорт

Марко Трајановски ќе го брани Македонското знаме во Виена

По својата прва семипрофесионална победа на најголемиот ММА настан во Македонија – Арммада 14, Марко е подготвен да го продолжи победничкиот пат и да го запише своето второ семипрофесионално триумфално издание на меѓународна сцена.

Нашиот европски првак Марко Трајановски денес, 8 ноември, ќе влезе во кафезот во Стефл Арена, Виена – Австрија, каде што ќе се соочи со домашниот борец Мохади Назиров во рамки на middleweight категоријата, во организацијата XCC 3 (Xtreme Combat Championship) – нова, брзо растечка професионална ММА организација со седиште во Виена.

По својата прва семипрофесионална победа на најголемиот ММА настан во Македонија – Арммада 14, Марко е подготвен да го продолжи победничкиот пат и да го запише своето второ семипрофесионално триумфално издание на меѓународна сцена.

Трајановски е предводен од своите главни тренери Ивица Алексоски и Стефан Печевски, со кои се подготви да го брани Македонското знаме во живо на најголемата стриминг платформа во Австрија и Германија – JOYN, каде што македонската публика може бесплатно да се приклучи и да го поддржи нашиот репрезентативец.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Show Buttons
Hide Buttons