МакедонијаНајновоПолитика

Манасиевски: Македонија не смее да потклекне поради криминалното минато на Филипче и Заев, кои поради власт и амнестија би ја однеле државата во амбис

Почитувани граѓани, почитувани претставници на медиумите,

Македонија не смее да потклекне поради криминалното минато на Филипче и Заев, кои поради власт и амнестија би ја однеле државата во амбис. 

Филипче и Заев веќе еднаш го променија Уставот и го продадоа името за таканаречен влез во ЕУ, што секако не го добија, за сега повторно доколку имаат можност да направат нова отстапка на штета на Македонија, а тоа е внесување на Бугари во Уставот, со што би се отвориле нови блокади или вета од бугарските власти.

На Филипче му е јасно дека со ваков незначителен рејтинг, распадната партија и некомпетентност – единствен начин за тоа како би можел да дојде на власт е со слугување на други држави и нивните власти, удоволување на нивните барања и кодошење на државата. 

Наместо еднаш да покаже достоинство и да застане на вистинскиот пат, Филипче повторно ќе ги распродава националните интереси за свој личен интерес.   

Уцените кои доаѓаат од Бугарија кон Филипче не се едноставни, затоа и е спремен да исполни се што ќе му се побара. 

За среќа на македонските граѓани Филипче нема да биде власт во Македонија, а дополнително и ќе одговара за својот криминал. 

Линк од видео материјал:

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Show Buttons
Hide Buttons