Актуелно

Македонското население старее, државата крои стратегија за зголемување на наталитетот

Македонското население старее, а според проекциите на ОН до 2050 година, секој четврти граѓанин во регионот ќе биде на возраст над 65 години, покажале проекциите на Обединетите нации.

Европа се соочува со ниски стапки на миграција и брзо стареење на населението, а ваквите демографски трендови влијаат врз економиите и работната сила, смета вршителката на должноста шеф на Фондот за население на Обединетите Нации во Македонија, Јованка Брајовиќ Григоријевиќ во интервју за МИА. Според неа, потребна е конкретна стратегија на секоја земја за да се запре ваквиот тренд. 

„Не постои едноставно, волшебно решение. Владите кои се загрижени за намалувањето на населението треба да ги обликуваат економиите и општествата на начин на кој младите луѓе ќе се чувствуваат сигурни и полни со самодоверба за да можат да планираат иднина во сопствената земја, доколку така изберат. За да создадат такви средини, владите можат да инвестираат во подобри можности за вработување и сигурност на работните места, достапно домување, реформа на системот за социјална поддршка, грижа за фертилитетот, подобра интеграција на жените во работната сила, политики за поддршка на семејствата и флексибилни работни аранжмани, како и споделување на товарот околу грижата и домашните обврски“, изјави Брајовиќ Григоријевиќ.

Македонската влада добива поддршка од Фондот за население на ОН во подготовката на новата Стратегија за демографска отпорност која е дел и од Националната стратегија за следните 20 години. Таа треба јасно да утврди чекорите и мерките кои ќе допринесат за јакнење на наталитетот.

Скопје од 7-8 мај ќе биде домаќин на Регионалната министерска конференција „Водечки промени: Патишта кон демографска отпорност центрирани околу луѓето“..Министри, владини претставници и меѓународни експерти од над 30 земји ќе разговараат за стратегиите за справување со демографски трансформации.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Show Buttons
Hide Buttons