НајновоСпорт

Македонско славје за европско финале среде Норвешка за РК Алкалоид

По голема битка, македонскиот тим успеа со победа на пенали да се врати од гостувањето во Норвешка кај Рунар и да обезбеди финале во ЕХФ Европскиот куп каде за трофејот ќе се бори против АЕК.

Алкалоид со предност од пет разлика отпатува во Норвешка, а Рунер го доби денешниот меч со 34-29, па пеналите го решаваа победникот. Во пенал серијата Алкалоид даде три гола, противникот само еден и радоста за момците на Лазаров можеше да почне.

Што се однесува до мечот, македонскиот тим имаше лош почеток, Рунар тргна фуриозно и направи предност од 6-1, но како одминуваше натпреварот Алкалоид ја намалуваше негативата, на полувремето беше 19-15 за домаќините.

Неизвесно беше во второто полувреме, разлика се менуваше, во еден момент Алкалоид можеше да дојде и на минус два, но Рунар дојде до предност и од шест голови, беше 34-28 кога Мартин Ивановски погоди и намали на 34-29 по што натпреварот отиде во пенал серија која ја доби македонскиот тим.

Серафимов, Митев и Петковски погодија во пеналите за Алкалоид, а противникот трипат промаши, постигна само еден погодок.

Најдобар во составот на Алкалоид беше Дамјан Митев со девет голови, Мартин Серафимов реализираше осум.

За трофејот од ЕХФ Европскиот куп Алкалоид ќе се бори против АЕК од Атина.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons