Македонските ракометари ја запишаа првата победа на младинското ЕП
Македонските младинци конечно стигнаа до првата победа на Европското првенство во Романија. Избраниците на Игор Илиевски ја совладаа Летонија со 35-31, но триумфот не беше доволен за продолжување во борбата за повисок пласман.
Македонија ќе разигрува за позициите од 17. до 24. место на континенталниот шампионат, откако остана без шанси за место во следната фаза.
Најзаслужни за победата беа Мики Лазов и Лука Ѓорѓиевски со по осум голови, додека голманскиот тандем Николовски – Младенов одигра важна улога. Николовски собра 10 одбрани, а Младенов во клучните моменти додаде уште четири интервенции.
Кај Летонија блескаше Валдис Калнинссо 17 погодоци, со што постави рекорд на Европските првенства за играчи до 20 години.
Македонија сега ќе го очекува расплетот во останатите групи за да ги дознае следните ривали во борбата за пласман од 17. до 24. место.



