Македонските борачи со два медали на меѓународниот турнир во Софија
На меѓународниот турнир „Петко Сираков“ кој се одржува во Софија, Бугарија, двајвца македонски борачи освоија медал.
Реџеп Хајдари го освои сребрениот медал, додека во категоријата за натпреварувачи до 23 години, Мухамед Феруки дојде до бронзата.
Како што известува македонската боречка федерација, на овој турнир в сабота ќе настапат: Стефан Штерјов, Марија Спирковска и Mарија Цветанова.
Македонските натпреварувачи во бугарскиот главен град се предводени од тренерот Абаз Емини, додека претставник на нашата федерација е Ахмед Адеми.