Македонија

Македонската кујна на 47. место меѓу најдобрите 100 национални кујни во светот 

Популарниот гастрономски портал за храна и патувања, „Тејст атлас“ (Taste Atlas) ја објави листата на 100 најдобри национални кујни во светот за 2024 – 25 година. Македонската кујна го зазеде 47. место (со оценка 4,16 од 5).

На гастрономската платформа има повеќе од 10.000 јадења и пијалаци. Се препорачуваат и традиционални јадења и автентични ресторани. Годинашните ранг-листи се креирани врз основа на речиси 400.000 оценки за храна и 115.000 оценки за прехранбените производи.

На првите 10 места меѓу државите, се наоѓаат: Грција (со оценка 4,6 од 5), Италија, Мексико, Шпанија, Португалија, Турција, Индонезија, Франција, Јапонија и Кина.

Во однос на македонските специјалитети, во рубриката „Мора да се проба“, највисоко рангирани се зелникот и макалото (со оценка 4,5 од 5), па сарма (4,4), ајвар и охридска пастрмка – со истата оценка. Меѓу пијалаците се истакнати вината „Шато Камник“ и „Тиквеш“.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons