Спорт

Македонија со шест атлетичари на Европскиот Челинџер шампионат во Монако

Како што стои во објавата на Атлетската Федерација на Македонија, по претходно остварени критериуми и норми за настап, извршена е селекцијата на македонските репрезентативци кои ќе настапат на Европскиот Челинџер шампионат 2026 што ќе се одржи во Монако.

Нашата репрезентација ќе биде претставена од шест атлетичари: Андреас Трајковски – скок во далечина, Јован Стојоски – 400 метри со пречки, Огнен Стефановски – 110 метри со пречки, Михаил Петров – 400 метри, Брајан Авија – скок во далечина и скок во височина, и Мелиса Димитриоски – 100 метри.

Македонската делегација денеска заминува на пат, додека натпреварите ќе се одржат на 30 мај на стадионот „Стад Луј Втори“ во Монако, со програма која започнува во 10.00 часот и трае до 20.00 часот.

Федерацијата на македонските репрезентативци им посакува многу среќа, успешни настапи, лични рекорди и освојување на медали.

На овој шампионат ќе учествуваат спортисти кои претставуваат 18 европски земји: Албанија, Андора, Ерменија, Азербејџан, Босна и Херцеговина, Кипар, Грузија, Гибралтар, Исланд, Косово, Лихтенштајн, Луксембург, Малта, Молдавија, Монако, Црна Гора, Македонија и Сан Марино.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Show Buttons
Hide Buttons