Актуелно

Македонија пат со цела механизација е на терен и ги чисти патиштата, тврдат од Транспорт 

Јавното претпријатие за одржување на магистрални и регионални патишта – Македонија пат, со целокупната механизација и работна сила е на терен и во континуитет врши расчистување на државните патишта, соопштија од Министерството за транспорт.

Исто така, се наведува во соопштението, на располагање се ставени и „трети лица” (компании кои соработуваат со ЈП Македонија пат) и истите се вклучени во расчистување на снегот на магистралните и регионалните патишта.

Од Министерството за транспорт апелираат до сите возачи да ги почитуваат законските одредби за одвивање на сообраќај во зимски услови и задолжително да поседуваат зимска опрема за возилата, внимателно да управуваат со возилата да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација, како и да ги почитуваат препораките од сообраќајните служби.

– Сообраќајот на сите државни патишта се одвива во зимски услови со кашест снег на коловозот и затоа апелираме да се следи временската состојба и сите граѓани кои планираат да патуваат навреме да се информираат од сообраќајните служби за условите на државните патишта, се вели во соопштението.

Се додава дека ЈП Македонија пат во континуитет ја следи состојбата на државните патишта и соодветно реагираат со целокупната механизација на терен.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons