Вработените кај Народниот правобранител на протест 

Вработените во институцијата Народниот правобранител од денес започнуваат со мирен протест кои бараат финансиска независност во користењето на буџетските средства на канцеларијата, а воедно и да се подобри финансиската состојба и мотивација за работа на работниците.Од таму велат дека тоа го препорачува и извштајот на Европската комисија во извештаите за напредокот на државата и бараат ново законско решение со кое вработените во Народниот правобранител, нема да бидат во кругот на вработени опфатени со Законот за административни службеници, туку ќе бидат самостојни и независни.

„Наведуваме дека е потребно, да се обезбедат посебни средства со буџетот со кои ќе се финансира работата на Народниот правобранител и на Одделот за внатрешна контрола, активности кои со години повремено се финансираат со проекти финансирани од странски партнери.

И секако, не помалку значајно, без одлагање да се зголемат платите на вработените во Народниот правобранител, затоа што нашие месечни примања во моментот многу заостановаат зад платите на останатите независни и регулаторни тела, како и на вработените во администрацијата воопшто.

Во контекст на ова наше барање ве информираме дека при оснивањето на Народниот правобранител во 1998 година, платите на стручната служба биле со еднаков коефициент на ранг на судиите на основен суд, што значи дека државата во минатото имала повеќе сенс за значењето на оваа институција како заштитник на правата на граѓаните“, соопшти УПОЗ.Собранието и пратениците се повикани веднаш да спроведат постапка за измена и дополнување на Законот за народен правобранител со вградување на горенаведените споменати прашања.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons