Македонија освои голем бод против Белгија, прекрасен гол на Алиоски за реми
Македонската фудбалска А репрезентација вечерва на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје во својот трет натпревар од квалификациите за пласман на Светското првенство 2026 година одигра реми 1:1 против Белгија.
Силна офанзива на најдобрите белгиски фудбалери уште од самиот старт на натпреварот како што и се очекуваше, фаворитската улога беше на страната на избраниците на селекторот Руди Гарсија.
Успешно се бранеа нашите играчи, нападите на противникот одеа воглавно преку Доку, а во една опасна ситуација Лукаку се најде во идеална шанса, но неговиот удар успеавме да го блокираме.
Ние се обидувавме воглавно да се заканиме од контри, но и натаму не доаѓавме до првата посериозна шанса да го загрозиме белгискиот гол.
Полека се ослободувавме од силниот притисок иако и натаму често напаѓаше ривалот кој веќе имаше четири изведени корнери, а во 22 минута Салемакерс упати силен удар, но уште подобра интервенција имаше Димитриевски.
А само 120 секунди подоцна одбраната на Белгија киксираше, тоа веднаш сакаше да го искористи Барди кој шутираше, но одбрани белгискиот чувар на мрежата Селс.