Спорт

Македонија води на полувреме против Катар со четири гола разлика 

Македонската ракометна репрезентација во овој момент го игра вториот натпревар од групната фаза на Светското првенство. Против Катар на одморот, нашата репрезентација води со 21-17.

Филип Кузмановски има четири гола исто колку Лзаревски и Митев, додека Кизиќ има 9 одбрани.

Нашите ракометари добро го отворија мечот, со две украдени топки и два гола од контранапад поведе со 3-1 после три минути игра.  Со два гола на Лазаревски и една одбрана на Кизиќ, Македониј во седмата минута за првпат поведе со плус три (6-3), оваа позитива ја имавме и нешто подоцна. По 7-4, Лазаревски доби две минути исклучување, а противникот успеа да доближи на 7-6 во 9-та минута.

Катар во 13-та минута успеа целосно да се врати во мечот, одбраната беше мека, па изедначи на 9-9. Не игравме најдобро во одбраната, противникот постојано ни „дишеше во врат“, благодарение и на пропуштените шанси. Конечно успеавме да казниме две грешки на Катарците, Пешевски и Стојковиќ зголемија на 13-11 во 18-та минута за тајм-аут на Вујовиќ.

И тука не застанавме, нешто подоцна цврстата одбрана, особено на средината каде лесно не пробиваа ракометарите на Катар донесе резултат. По 14-13, Македонија направи серија од 6-1, благодарение на одличниот Кизиќ поведе со 20-14 во 28-та минута. Катарците успеаја да искористат наши грешки, со два гола во низа да намалат на 20-16. Веднаш во следниот напад реализиравме, но дозволиме одбиената топка од Кизиќ да отиде во рацете на противникот за 21-17 на одморот.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons