МакедонијаНајново

Македонец криумчарел мигранти од Индија и Куба

На 24.05.2022 во 21 часот на автопатот Скопје-Гевгелија, на наплатна станица Смоквица, полициски службеници го лишиле од слобода М.Ш.(49) од Скопје. При преглед во возилото „фолксваген пасат” со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, биле пронајдени пет мигранти(две од Индија и три од Куба).

За настанот бил известен Јавен обвинител. М.Ш. бил приведен во ОВР Гевгелија и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons