Лефков: СДС брани корумпирано обвинителство и судство, затоа што само така нема да одговараат за криминалот кој го направија
СДС брани корумпирано обвинителство и судство.
Вчера заменик претседателката на СДС јасно ги поддржа судиите и обвинителите заради кои довербата во правосудството е 2%.
СДС ги поддржува судиите и обвинителите кои сами ги бираа, а кои му овозможија на Венко Филипче да не одговара за изгорената модуларна болница во Тетово.
СДС се стави на страна на судиите и обвинителите кои го ослободија убиецот на Фросина, на оние кои под влијание на Наќе Георгиев и Иџет Мемети за пари му пресудија поблага казна на Боро Марлборо.
СДС јасно застана во одбрана на корумпираниот апарат во судството и обвинителството, затоа што така знаат дека нема да одговараат за криминалот кој го направиле.
Потребни се реални реформи во судството и обвинителството.
Со кадрите на СДС и ДУИ во судството и обвинителството, кои чекаат да дојде предмет против нивните шефови за да го отфрлат или закочат не се гради доверба во судството и обвинителството.
Линк од видео материјал:
https://www.youtube.com/watch?v=qaZE8RJ89bU
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ