НајновоСпорт

Лазаров објави поширок список на ракометари за стартот на квалификациите за ЕП 2026

Селекторот на машката сениорска репрезентација Кирил Лазаров го објавува поширокиот список на ракометари за претстојните квалификациски натпревари за пласман на Европското првенство во 2026 година.

Во рамки на ЕХФ Неделата нашата сениорска селекција ќе оддигра два квалификациски натпревари против Естонија и Литванија. Нашите најдобри ракометари во првото квалификациско коло ќе играат против селекцијата на Естонија во СЦ „Борис Трајковски“, а натпреварот е закажан за 06.11.2024 (среда) со почеток во 20:00 часот.

Во второто квалификациско коло четири дена подоцна нашите ракометари ќе играат на гостински терен против селекцијата на Литванија во 17:00 часот по локално време.

Фото: РФМ

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons